Ако барате лесен, вкусен и брз оброк, грчките плескавици од тиквички се вистинскиот избор.
Познати во грчката кујна како kolokitokeftedes, овие миризливи плескавици се прават со рендани тиквички, фета сирење и свежи билки. Крцкави се однадвор, сочни одвнатре и одлично одат со грчки јогурт, цацики или сезонска салата.
Може да се послужат како предјадење, лесен ручек или вечера, а се подеднакво вкусни и топли и ладни.
Потребни состојки:
2 средни тиквички
200 г фета сирење
2 јајца
100 г брашно
2 лажици лебни трошки
2 млади кромитчиња, ситно исечкани
2 чешниња лук, ситно исечкани
една рака свеж магдонос
една рака свеж копар
сол и бибер по вкус
маслиново масло за пржење
Начин на подготовка:
Измијте ги тиквичките и изрендајте ги на крупно. Посолете ги и оставете ги околу 10 до 15 минути за да се ослободи вишокот вода. Потоа добро исцедете ги и стиснете ги што е можно поцврсто со рацете за смесата да биде што е можно посува.
Издробете го фета сирењето во голем сад, додадете исцедени тиквички, јајца, брашно, лебни трошки, млад кромид, лук, ситно сечкан магдонос и копар. Зачинете со бибер и внимавајте со солта бидејќи фетата е веќе доволно солена.
Добро измешајте ги сите состојки додека не добиете компактна смеса. Ако е премногу мека, додадете малку повеќе презла или брашно.
Од подготвената смеса формирајте помали плескавици.
Загрејте го маслиновото масло во тава на средна температура. Пржете ги плескавиците 3 до 4 минути од секоја страна, додека не добијат убава златно-кафеава кора.
Ставете ги готовите плескавици на хартиена крпа за да ја впијат вишокот маснотии.
Сервирајте ги со цацики, грчки јогурт, парчиња лимон и свежа салата од домати и краставици.

Совет: За поздрава верзија на плескавицата, можете да ги печете во рерна на 200 степени околу 25 минути, превртувајќи ја на половина од времето.

Фото: Pomoravka

The post РЕЦЕПТ ЗА ГРЧКИ ПЛЕСКАВИЦИ: Готови се за помалку од 20 минути appeared first on ekran.mk.