Џеј Норт кој беше препознатилв по неговата телевизиска улога како русокосиот пакосник „Денис Напаст“ (Dennis the Menace) во текот на четири сезони почнувајќи од 1959 година, почина на 73-годишна возраст, по тешка борба со рак на дебелото црево, пишува Асошиејтед Прес.

„Имаше срце големо како планина, длабоко ги сакаше своите пријатели. Често ни се јавуваше и секој разговор го завршуваше со: ‘Те сакам со целото мое срце’“, напишаа Лори Џејкобсон која била неговата најблиска пријателка и Бони Вент, неговата букинг агентка во трогателна објава на Facebook.

Норт имал само 6 години кога бил избран да го глуми насмеаниот бељаџија во ТВ-адаптацијата на популарниот стрип на Хенк Кетчам, кој се одвива во идеализирано американско предградие.

Често облечен во маица со пруги и каиши, Денис со своите пакости редовно го излудуваше пензионираниот сосед Џорџ Вилсон, кого го глумеше Џозеф Кернс. Родителите на Денис, трпеливи и полни разбирање, ги глумеа Херберт Андерсон и Глорија Хенри.

Во подоцнежната кариера, Норт се појави во серии како „The Man from U.N.C.L.E.“, „The Lucy Show“, „My Three Sons“, „Lassie“ и „The Simpsons“, како и во филмови како „Maya“ (1966), „The Teacher“ (1974) и „Dickie Roberts: Former Child Star“ (2003).