Полицијата го пронајде и го успаси човекот што опожари две службени возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје. Од МВР соопштуваат дека е идентификувано лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото, И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

„При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка“, се вели во соопштението на МВР.