Луѓето не живеат од изјави и односи со јавност, луѓето живеат во услови на високи цени, ниски плати и никаква сигурност, нагласи претседателот претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава – твоја шанса“. Филипче посочи дека народот тоне во сиромаштија, а економските показатиле се поразителни.

„Бројките не се партиска пропаганда. Во април оваа година, трошоците на живот пораснаа за скоро 6 проценти во споредба со истиот месец лани. Во индустријата, бројот на вработени во април е намален за околу 3 проценти на годишно ниво, за 60% намалено е нивото на странските директни инвестиции“, рече Филипче.

Toj посочи дека во време на растечка нееднаквост и инфлација, повеќе од било кога е потребна социјалдемократијата.

„Во време на растечка нееднаквот и огромна инфлација, на исплашени работници, на слаби и партиски контролирани институции и на организиран цинизам, социјалдемократијата повторно станува насушна потреба. Кога богатството се концентрира во неколку центри, таа бара прераспределба. Кога корупцијата расте, таа бара правда. Кога национализмот вирее, таа бара разум. Кога младите губат верба, таа нуди иднина. Кога државата станува студена и далечна, таа ја враќа човечноста во политиката“, рече Филипче.

Tој додаде дека срцето на секоја вистинска социјалдемократска политика е правичноста во оданочувањето.

„Ако истиот даночен товар еднакво го чувствуваат и оној што живее од плата и оној што живее од шпекулации или скриен капитал, тогаш тоа не е еднаквост. Тоа е добро завиена неправда. Затоа ние мора повторно да зборуваме за фер оданочување и заштитата на трудот на работникот. Не од иделошко позерски причини, туку заради елементарна пристојност во една земја што сака да биде европска“, рече Филипче.