Коосновачот на „Антропик“, Џек Кларк, вели дека треба да се забави напредокот на вештачката интелигенција (ВИ), предупредувајќи дека технологијата се приближува до точка каде што би можела да се развива без човечко учество.

„Сакате опција да можете да ја тргнете ногата од гаста и да ја ставите ногата на кочницата. Во моментов, индустријата за вештачка интелигенција има педала за гас, но нема педала за кочење“, изјави Кларк на Би-Би-Си.

Тој нагласи дека луѓето, преку владината политика, треба да ја задржат контролата врз системите за вештачка интелигенција, кои само ќе стануваат помоќни и ќе имаат пошироко влијание врз општеството.

„Светот треба малку да размисли и ние треба на крајот да развиеме нови регулативи што ќе ни овозможат да бидеме сигурни во овие системи“, рече тој.

Популарниот четбот на „Anthropic“, Клод, веќе работи на код од кој 80 отсто системот го напишал сам. Достигнувањето до 100 проценти е можно во рок од две години.

Кларк не објасни како би можела да се создаде „педала за сопирање“ за истражување и развој на вештачката интелигенција, но направи паралела помеѓу вештачката интелигенција и нафтениот бум од минатиот век.

„Одговорот на општеството беше да се изработи разумна политичка и регулаторна рамка што ќе им даде доверба на луѓето во нафтата и придобивките што нафтата може да ги обезбеди за светот, а воедно ќе значи дека не треба да се грижите за карактерите на луѓето кои ги водат компаниите“, рече Кларк.

Сепак, Антропик оваа недела го поздрави извршниот налог за вештачката интелигенција од американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше релативно непристрасен во своите директиви кон компаниите.

Не се бараше од компаниите за вештачка интелигенција да се подложат на безбедносни тестови од страна на владата. 

Големите компании за вештачка интелигенција кои се стремат кон напредок во технологијата, вклучувајќи ги Anthropic, OpenAI и Google, исто така не изјавија дека ќе го паузираат сопственото истражување.