Доколку сте љубител на богати, сочни и кремасти колачи, чоколадо-бананата ќе ве освои уште по првиот залак. Мекиот чоколаден пандишпан натопен со млеко и нежниот крем од банана и чоколадо го прават овој десерт вистинско задоволство за сите сетила.
Состојки за бисквитот:
6 јајца
1 и пол кесички прашок за пециво
30 г какао
180 грама брашно
180 г шеќер
120 мл масло
180 мл млеко
За преливот за бисквитот:
150 мл топло млеко
2–3 кесички ванилин шеќер
Подготовка на бисквиот:
Матете ги јајцата и шеќерот додека не добиете пенаста и лесна смеса. Додадете масло и млеко и кратко измешајте. Потоа додадете ги сувите состојки – какао, брашно и прашок за пециво – и нежно измешајте.
Истурете ја смесата во плех со димензии 20×30 см и печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Проверете со чепкалка за заби дали бисквитот е печен.
Прелијте го малку изладениот бисквит рамномерно со топло млеко во кое сте додале ванилин шеќер, а потоа оставете го целосно да се излади.
Крем:
300 грама банани
200 г млечно чоколадо
500 мл слатка павлака
Подготовка на кремот:
Изблендирајте ги бананите во мазна смеса. Додадете ги во слатката павлака и матете. Потоа додадете го растопеното и изладено млечно чоколадо и мешајте нежно додека не добиете кремаст и едноличен фил. Намачкајте го кремот врз изладениот бисквит и добро изладете го колачот пред сервирање.

Пријатно!

Фото: Принтскрин/novosti

The post (Рецепт) ЧОКО-БАНАНА КОЛАЧ: Кремаст десерт на кој е тешко да се одолее appeared first on ekran.mk.