Денес ви носиме рецепт за миризлив, мек и богат колач од ореви кој ќе ве освои уште од првиот залак! Совршен со кафе, чај или како сладок десерт за целото семејство.
Состојки:
Тесто:

1 жолчка од јајце
30 г шеќер
100 г омекнат путер
1 лажичка прашок за пециво
рендана кора од лимон
90 г грчки јогурт
50 г млако млеко
250 г остро брашно
прстофат сол
1 кесичка сув квасец
Фил:
200 г мелени ореви
100 г шеќер
една лажичка арома на ванила
една лажичка рум
1 белка од јајце
Плус:
1 жолчка од јајце за премачкување
шеќер во прав
Подготовка:
Измешајте квасецот, млекото и шеќерот. Додадете прашок за пециво, путер, кора од лимон и постепено додавајте брашно со прстофат сол. Важно е состојките да не се ладни и солта да не оди директно врз квасецот. Замесете мазно тесто, покријте го со крпа и оставете го на топло место околу еден час.
Кога тестото ќе нарасне, подгответе го филот. Изматете ја белката додека не стане цврста и постепено додадете го шеќерот. Матете додека шеќерот не се раствори, потоа додадете ги оревите, румот и ванилата. Ако филот е премногу густ, додадете малку млеко.

Поделете го тестото на два еднакви дела и развлечете го на лесно набрашнета површина.

Покријте го со филот, оставајќи малку празен раб, а потоа завиткајте. Наредете ги во средно голем калап, избоцкајте со вилушка на неколку места и премачкајте го со изматена жолчка.
Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 40 минути.

Кога малку ќе се олади, наросете со шеќер во прав и уживајте во секој залак!

Пријатно!
Фото: Принтскрин/novosti

The post (Рецепт) ДОМАШНА ШТРУДЛА СО ОРЕВИ: Како од кујната на баба appeared first on ekran.mk.