Доколку барате идеја за здрав ручек или вечера што е брза за подготовка, овој рецепт за бургери со пилешко и спанаќ е вистинскиот избор. Може да се послужат со салата или како совршена основа за домашен хамбургер.
Состојки:
500 г пилешко филе (мелено)
1 главичка кромид (ситно исечкан)
200 г спанаќ
1 лажичка лук во прав (или 2 чешниња свежи)
1 јајце
1 лажица сенф
сол и бибер по вкус
лебни трошки (доколку е потребно)
малку масло
лимон за сервирање
Подготовка:
Спанаќот бланширајте го кратко (околу 2 минути во врела вода), потоа префрлете го во ладна вода, добро исцедете го и исечкајте го ситно. Во голем сад, измешајте го меленото пилешко, кромидот, спанаќот, лукот, јајцето, сенфот, солта и биберот. Додадете лебни трошки по потреба за убаво да се поврзе смесата. Со рацете формирајте поголеми плескавици (приближно со големина на хамбургер). Наредете ги на плех обложен со хартија за печење, лесно испрскајте ги со масло. Печете во рерна загреана на 180°C околу 25-30 минути, додека не порумени.

Сервирање:
Сервирајте со свежа салата, компири или како плескавица во лепче, со неколку капки сок од лимон за освежителен вкус.

Уживајте!

Фото: Принтскрин/novosti