Јадење со кое ќе го воодушевите секој гостин…
Рецептот што ви го донесуваме може да се дополни и да вклучува разни филови. Можете да експериментирате со него колку што сакате, основата е секогаш иста.
Нема да ви требаат повеќе од 12 минути за да го подготвите јадењето.

Состојки:
3 големи компири
6 парчиња сланина
100 г чедар сирење
6 јајца
2 лажици сечкан кромид
Подготовка:
Излупете ги компирите, а потоа исечете ги на половина по ширина. Ако имате млади компири, не треба да ги лупите. Издлабете ги од пошироката страна, а од спротивната страна сплескајте ги за да може да стои издлабената корпа.
Внимавајте да не го прободете дното на корпичката. Додека ја издлабувате, ставете ја во вода за да не ја промени бојата. Исцедете ги и наредете ги корпите на плехот со отворот свртен надолу.
Замотајте парче сланина околу секој издлабен компир и прицврстете го со чепкалка за заби. Печете 45 минути на 200 степени додека сланината не стане крцкава.
Кога малку ќе се олади, ставете чедар сирење на дното од компирите, а потоа ставете јајце врз секоја корпа.
Посипете кромид одозгора и печете од 6 до 12 минути на 180 степени.

Фото: Принтскрин/krstarica