– Лекар од Лондон покажал домашен тест за проверка на невролошки проблеми
– Едноставно движење на раката може да укаже на нарушувања во функционирањето на малиот мозок
Едноставен трик може да открие дали вашиот мозок испраќа алармни сигнали. Познат доктор од Лондон преку социјалните мрежи покажа тест што можете да го направите дома, а кој може да сигнализира дали е време да посетите невролог. Ако не можете правилно да ги изведувате движењата што ги покажува, може да има сериозни проблеми – дури и тумор на мозокот.

Можеби звучи неверојатно, но многу едноставно движење на раката може да укажува на сериозни невролошки проблеми. Британскиот доктор познат на TikTok како „Medictificous“ стана вирален на интернет поради тестот што го привлекол вниманието на речиси 200.000 луѓе – во кој тврди дека може да укаже на нарушувања во малиот мозок.
Тестот е многу едноставен:
1. Ставете ја едната рака врз другата, со двете дланки свртени нагоре.
2. Брзо вртете ја горната рака со дланката нагоре и надолу неколку секунди.
3. Променете ги рацете и повторете го движењето.

Ако ова движење е тешко, неправилно или не можете да го извршите брзо и непречено – може да имате дисдијадохокинеза, што е стручно име за нарушување во координацијата на брзи, наизменични движења.
Тоа може да биде сигнал дека нешто не е во ред со малиот мозок – делот од мозокот што ја контролира рамнотежата и координацијата на движењето.

Оштетувањето на овој дел од мозокот може да биде резултат на сериозни состојби како што се:
– мозочен удар,
– траума на главата,
– мултиплекс склероза,
– па дури и тумор на мозокот.

Важно е да се напомене дека овој тест не е дијагностичка алатка, туку сигнал дека е време да се посети лекар. Само по себе, тоа не ја потврдува болеста, но може да ви укаже дека е време за детален невролошки преглед.

Обрнете внимание
Туморите на мозокот, дури и кога не се канцерогени, можат да предизвикаат сериозни последици ако растат во чувствителни области.

Симптомите често вклучуваат:
– силни или невообичаени главоболки,
– заматен вид,
– повраќање,
– промени во расположението,
– слабост на едната страна од телото,
– конфузија и проблеми со говорот.

Доколку ги забележите овие симптоми кај себе или кај некој близок до вас, важно е да не ги игнорирате знаците што ги испраќа вашето тело.

Фото: Принтскрин/TikTok