Прекрасни како мезе, изгледаат фантастично но се издвојуваат и со вкусот.
Состојки
400 г крем сирење или ситно сирење(урда)
100 г павлака
20 г сенф
50 г пармезан
50 г мелени ореви
50 г мелени крекери
50 г ситно сечкана сланина
малку свежа мајчина душица
малку црн пипер и слатка пиперка
За валкање на топчињата:
калинка
крупно сечкани ореви
ситно сечкан магдонос
Подготовка:
Измешајте крем сирење/ситно сирење, павлака и сенф во сад. Додадете ги сите други состојки и добро измешајте.
Смесата треба да биде погуста и погодна за обликување со раце. Можете да ја оставите смесата од сирење во фрижидер 1-2 часа пред конечното обликување за полесно да ги направите.
Оформете 30-40 г од смесата во топчиња и извалкајте ги во калинка/орев/магдонос.
Чувајте ги во фрижидер до сервирање

Фото: Принтскрин/persu