Од ВМРО-ДПМНЕ па велат дека опозицијата и лидерот Венко Филипче ја злоупотребуваат кризата за ширење паника, дезинформации и конструкции, дека собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар, но и дека го штитат и го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани.
Од владеачката партија велат дека општинските власти во Гостивар, кои се кадар на коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, немаат капацитет да ја водат општината, заради што нивната работа, како што велат, ја преземала Владата.
СДСМ и Филипче немаат одговрност, не нудат решенија туку креираат став и вознемиреност кај граѓаните. Наместо да придонесат со решенија и да покажат чувство за одговорност, повторно избираат да шират паника и да ја злоупотребуваат секоја актуелна тема за политички маркетинг. Потребно е сите политички чинители да покажат одговорност, особено кога станува збор за прашања што директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Наместо да се создава непотребна вознемиреност, јавноста треба да добива факти, а институциите да бидат оставени професионално да ја вршат својата работа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека опозиционерите не побарале одговорност и брза реакција од локалните институции, туку избрале да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Лимани, со што на јавноста им покажале дека партискиот интерес е пред интересот на граѓаните.








