Дали го подготвивте рецептот за велигденската погача?
Потребно е:
40 мл млеко
50 мл масло
20 гр свеж квасец
2 јајца
850-900 гр брашно
1 лажица шеќер
Подготовка:
Во млекото додадете квасец и лажица шеќер. Кога ќе нарасне квасецот, истурете го во млекото и додадете ги јајцата и изматете со жица.
Додадете половина брашно, па мешајте со дрвена лажица. Додавајте по малку брашно, масло и замесете мазно тесто, малку помеко. Се остава да одмори покриено.
Поделете го тестото на два дела, еден поголем, еден помал. Поголемиот развлечете го во правоаголник, па исечете го на ленти од едната, и од другата страна, средината останува цела. Лентите се префрлаат наизменично кон средината, формирајќи плетенка која ја ставаме на средина на плех од 24 см обложен со хартија за печење.
Остатокот од тестото расукајте го во ролат и извртете го во плетенка. Ставете ја околу претходната плетенка до работ на тавата. Од фолија направете мали топчиња, па премачкајте ги со масло, па едно ставете на средина, а другите 4 на работ на погачата во облик на крст. Кога погачата ќе одмори и ќе нарасне, премачкајте со жолчка од јајце.
Печете на 200 степени Целзиусови 45 минути додека не поруменат. Извадете ги топчињата од фолија и во тие дупчиња ставете обоени јајца.
Фото: Принтскрин/YouTube