„Кладкака“ е шведска чоколадна торта, а за нејзина подготовка ќе ви бидат потребни само 20 минути и седум состојки што веројатно веќе ги имате во вашата кујна. Ќе ви треба тркалезен калап за да го направите, а внатрешноста на тортата треба да биде мека и сочна.
Состојки:
100 г путер
2 јајца
4 лажици какао
90 г обично брашно
240 грама шеќер
½ лажичка сол
1 лажичка ванилин шеќер
Подготовка:
1 – Загрејте ја рерната.
Загрејте ја рерната на 200°C, или на 180°C ако имате рерна со вентилатор.
2 – Изматете ги јајцата и шеќерот.
Во голем сад изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете го растопениот путер, мешајќи постојано.
3 – Додадете суви состојки.
Додадете ги сувите состојки: какао, брашно, сол и ванилин шеќер.
4 – Печење
Истурете ја смесата во намрсен и премачкан со какао калап со дијаметар од 23 см и печете 10-15 минути, во зависност од рерната.
5 – Сервирање
Сервирајте топло или ладно, по желба наросено со шеќер во прав.
Фото: Принтскрин/YouTube