Доколку ви останале уште варени јајца од Велигден, ова е ручек каде можете да ги искористите
Потребно е:
500 гр компири
3 варени јајца
2 свежи јајца
50 мл јогурт
150 мл млеко
лук во гранул
кашкавал по желба
сол, бибер, суви зачини
Подготовка: Тавата премачкајте ја со масло или маст. Компирите исечкајте ги на кришки, посолете ги и побиберете, додадете малку масло и измешајте. На дното наредете половина компир и варените јајца исечени на кругови, посолете ги. Одозгора ставете ја втората половина компири. Во сад изматете ги јајцата, додадете 30 мл јогурт, масло и млеко и убаво измешајте. Прелијте ги компирите и нафрлете рендан кашкавал. Се пече во рерна на 200 степени околу 50 минути.
Фото: Принтскрин/YouTube