Градот Скопје утре, недела, во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција на подрачјето на Скопје против комарци. Градските власти информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Од таму посочуваат дека заради дезинсекцијата, пчеларите треба навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.