Prviot broj na spisanieto LOZA na MMLD, Sofija 1892
Prviot broj na spisanieto LOZA na MMLD, Sofija 1892

Списанието „Лоза“ се појавува откако во Солун пропаднал уште еден обид на Македонците за создавање на свој културен центар. Дел од соработниците на солунското списание „Книжици за прочит“ се преориентирале во кругот на „Лоза“. Меѓу нив се: Ѓорче Петров, Антон Поп Стоилов, Ефтим Спространов и други. Меѓу соработниците на „Лоза“ се и: Коста Шахов, Георги Баласчев, Петар Поп Арсов и други. Основач на списанието е охриѓанецот Климент Караѓулев.[1]

Уште во првиот број на „Лоза“, преку воведната статија е објавена програмата на Лозарите. Мотото на Софокле е ставено во почетокот на воведникот, и гласи:
„ Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина. “
Повикувајќи се на големиот покоен Македонец, баронот Костадин Бели (непознат за нашата историографија), кој во 1838 година од Виена упатил јавен апел до своите Македонци, Редакцијата на списанието цитира еден голем пасус, кој го претставува текстот на тој апел. Потоа Редакцијата продолжува:
„ Благодарејќи на последните политички настани на нашиот полуостров и географската положба на Македонија, денес таму се изнасобрани севозможни надворешни елементи … Треба значи да се собереме во една општа, моќна сила – сила народна, ако сакаме да ја сочуваме иднината на својата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој Македонец, каде и да се наоѓа тој.“