Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во обид да издејствуваат објавување нов конкурс за членови на регулаторниот орган за електонски медиуми (РЕМ).
Студентите во блокада го поминаа денот со мирно однесување, а одржана беше и 16-минутна тишина во знак на почит за 16 жртви на несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Како резултат на блокадата, РТС мораше да ја смени програмската шема. Наместо вообичаеното емитување на утринскиот програм а во 6 часот, се пуштаа документарни содржини, а вестите биле емитувани без вклучување од студиото.
РТС поднесе кривична пријава против непознати лица кои се претставуваат како студенти во блокада и кои ги блокираат објектите на РТС од 14 април.