Состојки:
500 гр печен наут
100 гр пченично бело брашно
100 гр шеќер
200 гр џем или уште подобро мармалад
2 дл вода (или повеќе ако е потребно)
1 кесичка прашок за пециво
1 лажичка цимет
1 лажичка ѓумбир во прав
½ лажичка мелено морско оревче


Подготовка:
Печениот наут сомелете го во ситно брашно.
Ако остане и по некое малку поголемо парче мелен наут не е проблем бидејќи ќе добиете дополнителна текстура во бисквитите.
Истурете ги сите суви состојки во садот за матење и измешајте ги.
После тоа се додава мармалад и се меша со миксер со маталки за тесто.
Полека додавајте вода додека не добиете густа маса од која може да се направат топчиња со влажни дланки.
Наредете ги топчињата во плех обложен со хартија за печење и нежно притиснете (со вилушка) да формирате избраздени бисквити.
Можете исто така да ги оставите округли.
Печете во рерна загреана на 180°C околу 15 минути или додека не добијат „румена“ боја.
По печењето извадете ги од тавата и оставете да се изладат.
Веднаш по печењето колачињата ќе добијат тврда кора и мека внатрешност.
Кога целосно ќе се изладат, може да се чуваат затворени во тегла или кутија на темно, ладно место неколку недели.

Фото: Принтскрин/posnajela