Потребно е:
250 гр шеќер,
50 гр мелени ореви,
6 шолји пиво,
5 чаши масло,
1 прашок за пециво,
брашно по потреба,
150 гр шеќер во прав,
кокосово брашно или мелени ореви за посипување
џем по желба.
Подготовка:
Замесете мазно тесто од брашно, прашок за пециво, масло и пиво.
Подготвеното тесто одвојте го на неколку „грутки“, во зависност од саканата големина на кифличките.
На набрашнета површина расукајте ја грутката од тестото во круг со дебелина од 0,5 см.
Тестото се сече на осум дела и се витка во ролат, почнувајќи од долгата страна на триаголникот кон тесниот дел.
По желба претходно намачкајте го тестото со џем. Наредете ги кифлите во плех обложен со хартија за печење.
Се пече во загреана рерна, на температура од 180 степени околу 45 минути или додека кифличките не добијат златно жолта боја.
Истовремено во помал сад измешајте 150 гр шеќер со малку вода.
Печените кифлички потопете ги во гранулиран шеќер, а потоа извалкајте ги во кокосово брашно или мелени ореви и ставете ги на чинија за сервирање.

Фото: Принтскрин/posnajela