Крцкавото лиснато тесто се полни со сочен фил од коцки пилешко филе, пченка, сланина и печурки. Најдобро е да се јаде топло.
Состојки:
400 г пилешко филе, исечено на коцки
1 главичка црвен кромид
2 лажици масло
2 чешниња лук
2 лажици магдонос
100 чадена сланина
250 грама шампињони
сол и бибер по вкус
100 грама конзервирана пченка
500 г лиснато тесто
Подготовка:
Пржете ги кромидот, сланината и печурките
Исечкајте го кромидот, загрејте го маслото и пржете го во голем тавган. Исечкајте ја сланината и додадете ја на кромидот, потоа исчистете ги и исечкајте ги печурките и додадете ги во таванот.
Додадете ги другите состојки
Исечкајте го лукот и додадете го во таванот, потоа додадете го месото. Додадете пченка, добро измешајте, додадете сол, бибер, додадете магдонос и повторно измешајте. Оставете ја готовата смеса да се олади.
Развлечете го лиснатото тесто
Развлечете го лиснатото тесто на набрашнета површина и исечете неколку ленти. Загрејте ја рерната на 220 степени.
Направете ролат
Префрлете ја смесата од месо во тестото и завиткајте го. Намастете го плехот за печење, ставете го ролатот и украсете го со лентите тесто што претходно сте ги исечеле.
Печете
Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете 35 минути. Сервирајте со салата, тартар или кој било сос по ваш избор.

Фото: Принтскрин/recepti

The post (Рецепт) Пилешко во лиснато тесто appeared first on ekran.mk.