Пробајте го овој рецепт, нема да погрешите!
Состојки:
600 г компири
400 г печурки
2 гавички кромид
150 г кашкавал
1 лажичка црн пипер
1 лажичка лут црвен пипер
2 лажички сув зачин
масло по потреба


Подготовка: исчистете ги компирите и исечете ги на прстени. Зачинете со црн пипер и лут пипер. Во врело масло пропржете го ситно исечканиот кромид, па додадете ги шампињоните исечени на ливчиња. Зачинете по вкус и динстајте додека не испари течноста што ја испуштаат печурките. Во намрсен сад наредете половина од компирите, пржените печурки и покријте ги со преостанатите компири. Посипете со рендано сирење и печете 40 минути на 200 степени.

Фото: Принтскрин/recepti