Приведен е 51-годишен жител на селото Црнилиште, Општина Долнени, прилепско поради пукање од оружје, врз основа на видео споделено на Фејсбук, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од таму информираа дека извршиле претрес во домот на Џ.Ќ., при што биле пронајдени три парчиња оружје кои тој ги поседувал со дозвола – полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот.

Пронајдените предмети бил одземени поради сомнение за извршено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик. Било утврдено дека лицето оружјето го поседувало со дозвола и истото привремено е одземено, по што полицијата најавува постапка за одземање на дозволата за оружје.

Џ.Ќ. е приведен, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот, додаваат од МВР.