Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер Сандево, полициски службеници запреле товано возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А., на возраст од 48 години, од скопското село Танушевци.

„При преглед и контрола во возилото, пронајдени биле 192 пакети со стока за што лицето не поседувало никаква докумантација. Поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, Е.А. бил лишен од слобода и заедно со возилото бил спроведен во полициска станица“, информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.