Доколку имате навика да се будите среде ноќ, интимноста би можела да биде клучот за решавање на овој проблем. Експертите откриле дека оние кои имаат секс или мастурбираат пред спиење имаат многу помала веројатност да имаат прекин на спиењето.
Иако австралиските научници не откриле точно зошто се случува ова, тие претпоставуваат дека пост-оргазмичниот наплив на хормони на среќа им помогнал на луѓето да спијат подобро.
Тие исто така забележале дека жените особено имаат корист од секс или мастурбација пред спиење. Во истражувањето учествувале седум хетеросексуални парови со просечна возраст од 26 години. Резултатите биле објавени во стручното списание Sleep Health.
Хормоните кои се ослободуваат за време на сексот, како што се окситоцин, пролактин и ендорфин, им помогнале на учесниците да заспијат. Научниците забележале дека ова истражување било ограничено бидејќи не биле во можност директно да набљудуваат дали учесниците правилно ги внесувале податоците поврзани со сексот и спиењето.
Друго ограничување било тоа што бројот на вклучени луѓе бил мал, па затоа треба да се направат повеќе истражувања.
Фото: Архива