Во вторник, 7 мај, MAX&Co. во Ramstore Mall го организираше утринскиот Fashion Affair – моден настан кој ги спои стилот, вкусот и пролетната енергија.

Гостите уживаа во специјално кафе од The Dude Specialty Coffee, лесен brunch и модна инспирација преку новата летна колекција на брендот.

Колекцијата се истакна со смели бои, модерни кроеви и софистицирани материјали – создадена за урбаната, динамична жена.