Од коалицијата „Влен“ ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Наредната недела почнуваат процедурите за создавање на нова политичка партија, најави првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити.
Тој информира дека политичкиот субјект „Влен“ ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните избори. Според Меџити имињата на кандидатите за градоначалници се уште не се дефинирани, но тоа не претставува проблем, бидејќи главната цел е обединување и подобра организација пред локалните избори.
„Гласачите бараат спојување на Влен во еден субјект. Не сум тврдел дека сум лидер на Влен, ме интересира само концептот. Не е важно кој ќе биде претседател бидејќи успехот на проектот е поважен од поединечните позиции“, посочи Меџити.