„Не можеме доволно да ја нагласиме сериозноста на ситуацијата и ненадејниот пад на компанијата. Емотивно сме уништени, тажни, имаме празнина која ќе биде потребно многу време да се залечи – ако воопшто се залечи. До неодамна, уште ги финализиравме рекламите за следната кампања, разговаравме со рецензенти, Coloma влезе во продукција, ги развивавме идните проекти и склучувавме договор за дистрибуција со QML – нешто што ни недостасуваше 4 години… надевајќи се дека парите ќе пристигнат. Сите наши соништа и надежи исчезнаа. 10 семејства кои хранеа дома преку Final Frontier Games, кои имаа стабилни, креативни и добро платени работни места, сега се соочуваат со екстремна неизвесност и без финансиска стабилност. Навистина живееме во најмрачната можна верзија на иднината.“ известија од Фајнл Фронтиер Гејмс.
Што довело до ова?
Според студиото првичните трошоци за транспорт требале да чинат околу 27.000 долари. Студиото имале 9 контејнери полни со игри, а цената по контејнер тогаш била околу 3.000 долари. До моментот кога Merchants Cove била ставена на бродовите за испорака, сметката што ја добиела студиото била околу 22.000 долари по контејнер.
Во последните пресметувања, целиот трошок од 27.000 долари скокнал на околу 250.000 долари, каде што овде спаѓаат сите трошоци за достава на сите купувачи во сите земји околу светот. Тие трошоци целосно ги избришале профитите на студиото за таа игра, што морале да повлечат средства од други проекти, надевајќи се дека загубите ќе им сепокријат наскоро.
„За нашите останати проекти, особено овој, фабриката ни даде многу долг период за враќање на трошоците – практично го изработија проектот на свој трошок, а ние ќе ја отплатуваме сумата секогаш кога ќе оствариме профит, сè додека не се раздолжиме. Со планот за продукција на тие игри, и профитот од дополнителните примероци на Merchants Cove што планиравме да ги продаваме на дистрибутери, како и локализациските договори за Coloma и The Sixth Realm, требаше да има доволно средства за да се испорача овој проект. Реструктуирањето на компанијата беше започнато не само за да испорачаме што е ветено, туку и да го забрзаме времето на испорака на идните проекти и да се фокусираме на долгорочен раст. Повлековме повеќе работа внатре во тимот, потпишавме 6 одлични игри за наредните 3 години, дури водевме разговори со инвеститори кои сакаа да вложат во нашата визија. Целата 2024 ја поминавме во преговори и работа на реструктуирањето.“ стои во соопштението.
„Сите тие планови се срушија кога сфативме дека нема да можеме да ги наплатиме парите што ни се должат. Со локализациските партнери, условите се речиси секогаш следни: 50% од фактурата пред почетокот на продукција, 50% по нејзино завршување.“ се дополнија од студиото.
Што ќе се случи со Фајнл Фронтиер Гејмс?
Од студиото информираат дека не сакаат да бараат дополнителни средства од фановите за испорачување на оваа игра. Причина за ова е дека студиото не може да им гарантира на фановите дека нивните пари се безбедни и дека ќе помогнат во се ова. Имаат долгови кон магацините, големи кредит што банките веќе почнале да го наплатуваат