Езерото Салда неодамна ја добило титулата „Турски Малдиви“ и се смета за идеална дестинација за луѓето кои сакаат да „избегнат од жешкото лето“, а во исто време да уживаат во лековитата кал и уникатен пејзаж.
На оваа локација исто така е можно да се најдат „живи фосили“ познати како строматолити кои даваат увид во еволутивната историја на планетата. Овие фосили се и некои од првите физички докази за постоењето на живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🦋 Anna | Drone Travels 🇺🇦 (@energy.butterfly)

Имено, строматолитите даваат индиции за тоа како би можела да изгледа Земјата пред неколку милијарди години кога се формирале овие фосили. Строматолитите најчесто се наоѓаат во близина на езера со висока соленост, но во сите нив Турција има најголемо наоѓалиште на живи фосили од слатководни води.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Go Türkiye (@goturkiye)

Исто така, турски и американски научници кои ги истражувале бреговите на езерото Салда откриле седименти формирани од микроби, а во ова истражување се приклучиле и експерти на НАСА.
Научниците на НАСА откриле дека карпите и наоѓалиштата на минерали што ги проучувале на брегот на езерото Салда личат на она што може да се најде на Марс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damla G. Paolillo (@gokubamba)

Иако езерото Салда се нарекува и „Турски Малдиви“, ова вулканско езеро не доживува високи температури. Езерото Салда се наоѓа на надморска височина од 1.160 метри, па затоа е идеално прибежиште за сите луѓе кои сакаат да „избегнат од жешкото лето“.
Поради лековитата кал посетата на ова езеро се препорачува за луѓето со дерматолошки заболувања, но и за сите оние кои сакаат да уживаат во уникатната глетка на езерото, кое изгледа, како што тврдат научниците, „како да е од друга планета“.

Фото: Принтскрин/Instagram