Истражувањата покажуваат дека околу две третини од паровите започнуваат како пријатели и одржуваат платонска врска долго пред да сфатат дека ги надминале само пријателските чувства.
Дану Ентони Стинсон, вонреден професор на катедрата за психологија на Универзитетот во Викторија во Канада, анкетирал речиси 1.900 универзитетски студенти и возрасни (вклучувајќи 677 кои биле во брак или заеднички живот), од кои сите биле прашани дали се пријатели со нивниот сегашен романтичен партнер. Мнозинството од учесниците (68%) изјавиле дека романтичната врска започнала како пријателство.

Меѓу 20-годишните, дури 85% од паровите изјавиле дека нивната романса започнала како пријателство.

Како една платонска врска станува романтична и која е разликата меѓу пријателите и љубовниците е прашање кое останува без конкретен одговор.
– Значи, постои огромна, неуредна, нејасна граница меѓу пријателството и романтиката… Секој сам си ја дефинира – рекол Стинсон, пишува „Гардијан“.

Во просек, фазата на пријателство траела речиси 22 месеци пред врската да стане романтична.

Фото: Архива