Велик четврток
Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) и Исусовата молитва („…Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви се даде“ (Јован 16, 23). „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам…“, Јован 14, 13 – 14). Со други зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение; се памти миењето на нозете на апостолите што го направи Сам: „Ако Јас, Господ и Учител ви ги измив нозете, тогаш сте должни и вие еден на друг да си ги миете нозете“ (Јован 13; 14). А заврши со предавството на Богочовекот Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од бројот на Дванаесеттемина најблиски Христови ученици.
Тропар
Кога славните ученици, при миењето на нозете на Вечерата, се просветлуваа, тогаш злочестивиот Јуда, болен од среброљубие, се помрачуваше и на беззаконите судии, Тебе – праведниот судија – Те предава. Душо среброљубива, гледај каде оди да се обеси таквата душа; одврати се од среброљубието на Јуда, кој се осмели да Му направи такви работи на Својот Учител; Господи, Кој си добар за сите, Слава Ти.
„Велик четврток“ е четвртокот пред Велигден и е дел од Страстната недела во христијанската традиција. Во православното христијанство, овој ден е познат и како „Чист четврток“ и има посебно значење, бидејќи се одбележува Тајната вечера што Исус Христос ја имал со своите ученици.
Што се случува на Велик четврток:
Се потсетува на последната вечера на Христос, кога тој ја воспоставил светата тајна причест.
Се читаат 12-те евангелија за Христовите страдања на вечерната служба.
Во некои цркви се изведува обред на миење на нозе, како симбол на понизност и служење, исто како што Исус им ги измил нозете на учениците.
Почнува поинтензивна подготовка за Велигден, со пост и молитви.
Во некои традиции, токму на Велик четврток се фарбаат велигденските јајца, при што првото се бојадисува во црвено – симбол на Христовата крв.