Трговскиот договор помеѓу Велика Британија и САД итно беше потребен за заштита на дури 150.000 егзистенции, изјави висок владини претставник, инсистирајќи дека договорот ќе биде „навистина добар за Британија“, пренесува Гардијан.
Според новинската агенција „PA“, Дарен Џоунс, државен секретар во Министерството за финансии, беше решителен околу потребата да се потпише договорот, соочувајќи се со сугестии дека Велика Британија сè уште е во полоша трговска позиција со САД отколку пред воведувањето на широките тарифи од страна на Доналд Трамп.
Договорот ги укинува тарифите за британскиот извоз на челик и алуминиум во САД, и ја намалува таксата на автомобили од 27,5% на 10%, нудејќи им олеснување на британските производители на луксузни автомобили како на компаниите Јагуар и Ленд Ровер.
Министерот ги отфрли и тврдењата дека Велика Британија не е во подобра позиција отколку пред воведувањето на тарифите од страна на Трамп.
„Ако можев да бирам свет без тарифи, секако дека би го избрал. Но тоа едноставно не е светот во кој живееме. Значи, тоа не е реална опција. Опцијата беше или да не потпишеме договор со САД и да имаме повисоки тарифи, или да потпишеме договор и да имаме пониски тарифи.“, изјави Џоунс за Би-Би-Си.
„Го потпишавме тој трговски договор. Имаме пониски тарифи во клучни производствени сектори во Велика Британија. Заштитивме егзистенција на 150.000 луѓе како последица на овој договор. Тоа е, според дефиниција, факт со кој сме подобро стоечки благодарение на мерките што ги презеде оваа влада за да застане во одбрана на работниците низ цела Велика Британија.“, се надоврзува Џоунс.
Подоцна Џоунс за BBC Radio 4 во програмата Today појасни дека бројката од 150.000 вклучува и членовите на семејствата на оние чии работни места можат да бидат погодени во автомобилската, челичната и алуминиумската индустрија.
Садик Кан најавува планови за градба на делови од зелените површини околу Лондон, што претставува драматичен пресврт во станбената политика со цел справување со „најдлабоката станбена криза во историјата на главниот град“.
Велика Британија и САД постигнаа „пробивен“ трговски договор со кој се намалуваат некои од тарифите наметнати од Доналд Трамп за автомобили, алуминиум и челик, и кој според премиерот ќе спаси илјадници британски работни места.
Повеќе од 40 пратеници од Лабуристичката партија го предупредија премиерот дека планираните кратења за лицата со попреченост се „невозможно да се поддржат“ и побараа пауза и промена на насоката.