Пожар на отворен простор вчера изби во охридската населба Гоце Делчев, позната како Бараки, информираат на Фејсбук од територијалната противпожарна единица на овој град.

На терен интервенирале четири противпожарни возила и 17 пожарникари. „Гореше деградирана шума и сува треба“, велат од ТППЕ Охрид.

Поради силниот ветер, како што велат пожарникарите, постоела опасност огнот да се прошири кон околните куќи. Брзата реакција на службите, месното население и доброволците се спречени поголеми материјални штети.

Охридските пожарникари апелираат до граѓаните за совесно и одговорно однесување, а до надлежните институции да преземат мерки за откривање и санкционирање на лицата што предизвикуваат пожари.