Шест возила и недвижен имот се одземени од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати.

Од Министереството за внатрешни работи велат дека, покрај кривичното дело што се сомничи дека го извршил, за Лазаров, кој минатата недела побегна преку прозорец од распит во полициска станица, па беше фатен во Скопје, се обезбедени докази дека има значителен движен и недвижен имот, стекнат со криминална активност.

За имотот од страна на Основниот суд во Кочани се определени привремени мерки за обезбедување со привремено одземање на шест патнички возила “џип”, “порше”, “фолксваген”, “ауди”, “бмв” и “пасат”, како и недвижен имот-стан.
ОВР Кочани ќе преземе мерки и активности за утврдување на законитоста на стекнатиот имот.