Главоболките се честа непријатност, а некои од нив можат да бидат знак за посериозни здравствени проблеми, кои никогаш не треба да ги игнорирате.
Имено, неврологот Стивен Алдер од „Re:Cognition Health“ истакнува дека главоболките се чест симптом на тумори на мозокот, а се јавуваат кај 50 до 60 проценти од пациентите.
Механизмите со кои туморите на мозокот предизвикуваат главоболки вклучуваат зголемен интракранијален притисок, директна иритација и промени во протокот на крв.
„Туморите можат да заземат простор во черепот, предизвикувајќи оток или блокирање на протокот на цереброспиналната течност, што доведува до зголемен притисок врз мозокот. Покрај тоа, туморите можат да ги притиснат или истегнат чувствителните ткива како што се крвните садови или нервите, предизвикувајќи болка.

Главоболките поврзани со тумор на мозокот имаат различни карактеристики кои можат да помогнат да се разликуваат.
Еве пет клучни знаци на кои треба да внимавате.

Постојани главоболки кои се влошуваат
За разлика од типичните главоболки за напнатост или мигрена, главоболките од тумор на мозокот имаат тенденција да се влошуваат со текот на времето. Оваа прогресија може да вклучува зголемување на интензитетот, зачестеност или времетраењето на болката.

Утрински главоболки
Доктор и предавач по биомедицински науки на Универзитетот во Централен Ланкашир вели дека лежењето долго време може да го зголеми притисокот во мозокот. Ова значи дека луѓето кои страдаат од тумори на мозокот може да имаат главоболки почесто наутро по добар сон.

Болка во една област
Главоболката во одредена област може да укаже и на локацијата на туморот на мозокот, поради притисок или блокирана течност.

Отпорност на конвенционално ослободување од болка
За разлика од типичните главоболки, оние кои се поврзани со тумори на мозокот често не реагираат добро на лекови против болки кои се издаваат без рецепт, како што се парацетамол, ибупрофен или аспирин. Овој недостаток на олеснување може да биде клучен знак за предупредување.

Други симптоми
Главоболките од тумор на мозокот често се придружени со други симптоми кои укажуваат на зголемен интракранијален притисок или директни ефекти врз мозокот. Тие може да вклучуваат гадење и повраќање, како и промени во видот (заматен или двоен вид), напади, мускулна слабост или вкочанетост.

Кога да побарате помош
Доктор Алдер наведува дека доколку главоболките се повторуваат и се разликуваат од вообичаените главоболки, важно е да се консултирате со специјалист. Треба да се испитаат оние главоболки придружени со невролошки симптоми, како што се вкочанетост, слабост или тешкотии во говорот. Тешките главоболки кои не реагираат на конвенционалното олеснување на болката бараат и медицинска помош.

Фото: Архива