Вкусни ќофтиња во меко тесто кои ги сакаат и младите и старите. Лесни се за правење и одлични се во комбинација со маринара од домати.
Состојки:
Ќофтиња?:

350 г мелено јунешко месо
150 г рендан пармезан
1 китка свеж магдонос
30 г лебни трошки
1 јајце
бибер по вкус
Тесто:
500 г тесто за пица
2 лажици маслиново масло
15 г пармезан
свеж магдонос, сечкан
340 г загреана маринара од домати
Подготовка:
Измешајте ги состојките
Додадете го месото, пармезанот, лебните трошки, јајцето, солта и биберот во сад со средна големина. Исечкајте го магдоносот и додадете го (освен две лажици) во смесата со месото. Мешајте нежно додека состојките не се соединат. Обликувајте топчиња.
Обликувајте го
Развлечете го тестото за пица и поделете го на 12 дела, од кои ќе направите топчиња. Истенчете го секое топче со дланките и ставете топче месо во средината и затворете ги рабовите и формирајте топчиња. Ставете ги во намастен плех за печење. Покријте со крпа и оставете на топло место 60 до 90 минути за тестото да нарасне.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете 20 до 25 минути додека тестото не добие златно-кафеава боја. Премачкајте со маслиново масло и наросете со сирење и магдонос. Сервирајте со маринара од домати.

Фото: Принтскрин/recepti

The post (Рецепт) Ќофтенца во тесто appeared first on ekran.mk.