До четврток 11 Јуни 2026 во Македонија времето ќе ни се задржи топло со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 32 степени.
Во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно времето и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Меѓутоа, од пладневните часови локално ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради значителното загревање на атмосферата и исполнета со енергија, локално атмосферските процеси ќе бидат доста интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.
И во делови од Скопската котлина ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Извор: Метеоаларм
The post Жешко време во Македонија: Стабилно претпладне, невреме во попладневните часови appeared first on ekran.mk.








