Sunday, 22 October 2017

За нас

Само еден поглед е доволен за да се видат очајните нужди на нашата татковина. Благодарение на последните политички случувања на нашиот полуостров и географската положба на Македонија, денес таму се собрале секакви возможни надворешни елементи кои што, воодушевени од своите уништувачки идеи за нашата иднина, планови и интереси, слободно и со молскавична енергија го засилуваат антагонизмот кој што и онака постои во земјата. Само еден силен отпор од наша страна може да нè предпази од злобните посакувања. Но, при денешната состојба ние не можеме да извршиме такво дело, за тоа ни се потребни сили, а нашите се разнебитени, раздробени. Треба значи, да ги соединиме, да ги собереме во една општа, моќна сила – народна сила, ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина.

Тоа треба да е стремежот на секој кој што се чувствува Македонец, каде и да се наоѓа. Младата Македонска Книжовна (Литературна) Дружина во предвид ја има точно таа цел. Очевидно е дека таа претенција е многу голема. И навистина, таа ги надминува силите со кои што дружината располага засега. Но во истото време, Дружината верува дека нема за долго да е изолирана од родољубите.

За постигање на таа цел Дружината ја издава својата “ЛОЗА”.

Останува на оние што се интересираат, да се придружат со моралната и материјалната подршка со кое што, меѓу другото, ќе помогнат еден огромен македонски проект.

 

Редакција

Дедо Варадин
Серафим Александров
Гонзо Македонски

Соработници

МакеТаур
Робин Луд
МакеДан
Овчеполски

Пишете ни на www.loza.mk@gmail.com