Monday, 23 October 2017

Прв собир на олдтајмери во Свети Николе – 7 октомври 2017

Здраво живо Стефан. Благодарам за овозможената прилика за интервју. Се надевам дека со овој наш разговор ќе успееме да ја информираме пошироката јавност за она што наскоро ќе се случува за прв пат во Свети Николе.

oldtimer

За почеток, да ни кажеш каков настан можеме да очекуваме во блиска иднина?

Здраво живо Никола, благодарам за овозможената прилика да ја информираме заинтересираната јавност за претстојниот настан. На 7 октомври 2017 година, ден сабота, на плоштадот во Свети Николе ќе се одржи изложба на историски возила – „олдтајмер собир“. Ќе има гости од соседните Србија и Бугарија и од цела Македонија. Очекуваме 50ина возила кои претставуваат културно наследство да продефилираат во нашиот град. Настанот ќе биде дополнет со дневен концерт на бендот Троја од Радовиш и проекција на филмот Avec l’amour, снимен за Дионис Пашлаков, најголем вљубеник и колекционер на олдтајмери во Македонија.

Stefan vintage

Од кога старите автомобили се дел од твојот живот, како дојде до оваа иницијатива и до каде се подготовките?

Започнав со реставрација на Вартбург од 1974 година, чиј што прв сопственик е мојот дедо, по што купив Мерцедес 123 произведен во 1977 година, и од таму започна сè. Чест гостин сум на регионалните и меѓународните собири и сакав да им овозможам еден таков настан и на нашите сограѓани. Безрезервна помош и поддршка за настанот доаѓа од Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе, а настанот ќе го помогнат и Мечкуевска куќа – Пуже, Лион – Свети Николе, хотел Романтик од Велес, кафе бар Феникс од Свети Николе, Фото Кис и неколку други стопанственици. Покровител на настанот е и Trice Films, кои го овозможија филмот Avec l’amour. Медиумска поддршка на настанот, како и секогаш во Свети Николе ќе дадат Радио Свети Николе и ТВ Свет, а на интернет страницата ЛОЗА читателите ќе можат да разгледаат фотографии, видеа, како и да прочитаат репортажа по одржување на настанот. Се надевам дека со овој прв настан од ваков вид во Свети Николе ќе поставиме основа за идна традиција и редовни собири на историски автомобили.

Што ќе можат да видат посетителите на овој собир?

Како што споменав, посетителите ќе можат да видат многу стари автомобили кои што претставуваат културно наследство, да слушаат убава музика и да го погледнат филмот Avec l’amour. Настанот започнува во 12 часот на пладне, по што ќе се одржи и дневниот концерт и дефилето, а проекцијата на филмот ќе започне во 19 часот во амфитеатарот на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе. Влезот е бесплатен.

avec l amour

Како се живее во Свети Николе?

Свети Николе е мало градче кое што овозможува мирен и спокоен живот, што е голема предност за жителите на вакви мали места, особено во 21 век кога сè ни е достапно. Но, како и сите мали градови Свети Николе си има свои аномалии, како ретките културни настани и сметам дека вакви културни збиднувања можат да придонесат за побогат културен живот.

Што би им порачал на читателите на ова интервју?

Посетете нè на 7ми октомври во Свети Николе!

avec l'amour

FB event (клик)

www.aveclamour.xyz

Avec l’amour @ fb

Avec l’amour во Свети Николе