Monday, 20 November 2017

Свадбарските песни од Ѓуришкото поднебје

Свадбарските песни од Ѓуришкото поднебје

Бричење

Бричи ми се млади младожењо

Ќе идеш за девојка

За девојка многу надалеку

Надалеку преку вода

Преку вода, преку гора

Младожењо сив соколе

Подигни си бела крпа

Да ти видимо лицето

Еве ти водимо невеста

Женска свадба

Угасите венер борина

Еве иде млада мома

Она секаде ќе огрее

Да огрее, да затрепери

Со нејна убава убавина

Машка свадба

И вие да дочекате зелен венец и да го целивате!

Поаѓање на невестата

Ептен се жални

Доаѓање на невестата

О, убава, убава девојко,

Кротко, кротко, уште покротко

Спуштај венци ниско и пониско

Да улезеш у богата куќа

Да си видиш кума и старејко

И да си земеш златна прочка

Отворте се порти цариградски

Да влезе ѕвезда Даничарка

Да огрее кума и старејка

Да огрее свекор и свекрва

Да огрее рачен девер

И сите гости на трпеза

Влегување на невестата

Слези невесто од врана коња

Млада невеста ни говори, ни симиња

Веч ми седи на врана коња

Седи на коњ и се клања

Дојди, дојди стари свекре

Да ми симнеш снаа од коња

Снаа нејќе да се симне

Сал се клања коњу до грива

Клања снаа и свекра целива

Целива га во десна рака

Полевак – на зајдисонце по првата брачна ноќ

Што ми е мило да гледам

Како девер снашка води

Од тие равни дворови

Тихо, тихо ти девере

Тихо, тихо снашка води

Доведи гу на сребрено ведро

Огрејала Даница ѕвездица

Огрејала тој сребрено ведро

Огрејала свекра и свекрву

Огрејала кум и старејко

Огрејала девер и золви

Огрејала тие мили јатрви

Огрејала тие мили чичковци

Огрејала тие мили тетки

Огрејала тие мили вујни

Огрејала тие рамни дворови

Не е била Даница ѕвездица

Но е премила снашкица

Ѓуришкото поднебје“, Блаже Давчевски

подготвил – Дамјан Овчеполски

nevesta nosija 5