Monday, 20 November 2017

На помош, сите чесни Македонци! Илинден 2017

„Одземете му го на човека полето на дејствување – тој е веќе мртов: така и нашата “љубезна” Егзархија со своите два оддела, стремејќи се на нашите општини да им го одземе благородното поле за работа, преку својот авторитет, сака да ги умртви, да ги убие! … На помош, сите чесни Македонци! Дојдете да ги спасиме умирачките општини во Македонија, со што сакаат да не претворат во мртов труп за да си играат со нас, како што сакаат божемните наши браќа!“

од Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници на Петар Поп Арсов – Вардарски

Ништожник е оној, кој има подобар пријател од татковината си. Со овие зборови од Софокле, Барон Бели го започнува писмото кое е предговор на првиот број на ЛОЗА. Младата Македонска Книжовна дружина со своето списание се обидува да воведе нов, македонски правопис во тогашната бугарска јавност. Заради истото не само што се прогонувани, туку и нивните потомци (барем на многу од оние кои ги дочекале), се под генерациски притисок. Запалена им е печатницата со првиот устав на Дружината, во оптек се пуштани лажни списанија, и сето тоа за да се сопрат „младинците кои под маската на книжовници го подготвувале народот за идната голема Македонија, на чело на која требало да биде некој од редакторите на ЛОЗА во својство на Филип и Александар…“, како што пишува бугарскиот весник „Свобода“ од тоа време. На нашата интернет страница имате достап до голем дел од литературата која ја користеле и Лозарите во тоа време. Од нивната дружина е и Караѓуле, и Гоце и Чернодрински..

На овој Илинден 2017та година, оние кои што глумат водачи на Македонскиот народ за последно потврдија дека веќе никогаш не треба да бидат поддржани од Македонците. Нема да трошиме многу редови за опис на ситуацијата, а виновниците побарајте ги во партиските штабови. Само ќе прашаме – како тоа да се надмине минатото и да се оди напред, кога две држави потпишуваат договор кој формира комисии за историја, меѓу другото? И, зошто баш на Илинден, денот на Свети Илија, светец чие празнување има корени во длабоката древност…знаеме зошто, а истото беше потврдено и од оние кои до скоро го подготвуваа теренот и политичката сцена за денешните настани…а тоа траеше, со години.

За ситуацијата да биде потрагична отколку што е, и тие кои го „бранат“ народот и кинат договори јавно употребуваат навредливи зборови за соседите. Двата народи имаат корени во древноста, и голем дел од луѓето од денешните генерации се свесни за истото. Напаѓањето со вербални игри едни со други нема да доведе до никаде, ниту пак некогаш ќе го отслика вистинскиот дух на Македонецот и неговиот разум кој му овозможил опстанок во минатото. Бугарите знаат дека најголем дел од водачите им биле и се од Македонско потекло. Србите знаат дека немаме доволно податоци за да им одговориме на манипулирањето со древната историја. Грците одамна се свесни што има под нашата земја, па затоа и работат со многу кои под „македонската маска“ ја предаваат и продаваат културата. Албанците, оние старите знаат што им направија дојденците…и така натаму, и понатаму. Сите сакаат да се Македонци, само Македонците сакаат да се нешто друго – така ли ќе испадне? Да не беше жив кодот на древните, можеби, ама – жив е и нечии планови нема да се остварат така лесно.

Зар Раковски ќе пишувал со буквата џ, ќе пишувал за Македонскиот јазик, за Пеонија и Тракија, ако не знаел за минатото? Или ако биле Бугари, Лозарите ќе се повикувале на славата и силата на Филип и Александар? Ооо, народе Македонски, ни се свестуваш нит пак се разбудуваш. А бре, Македончиња…многу сте. А Македонци, троа помалку. Колку, толку – токму. Ќе се ослободиме!

За многу години Илинден и на помош нека ни е Свети Илија и сè видливо и невидливо. Бог да ја чува Македонија!

Филип Илинденски

ИлинДен 2017

Млада Македонска Книжовна Дружина

ЛОЗА

Ѕвездата од Кутлеш