Friday, 20 October 9448

Super Brain Research Group во Канда, Овче Поле – археоакустика и археоастрономија

Пред три години, во март и јули 2014та година, во Овчеполската котлина беа извршени првите неинвазивни архео – акустични истражувања во историјата на Република Македонија. Начинот на работа, применетите методи и добиените резултати можат да се прочитаат во трите научни трудови на Super Brain Research Group, објавени во меѓународната научна литература од 2014 до 2016 година.

Фотографија од авион - проф. Паоло Дебертолис, Super Brain Research Group 2014

Фотографија од авион – проф. Паоло Дебертолис, Super Brain Research Group 2014

Super Brain Research Group во Овче Поле

Во непосредна близина на градот Свети Никола во котлината Овче Поле во Република Македонија, постои ритуална могила со форма на космичко јајце, направена од земја, со вцртан симбол на нејзиното плато. Оваа тумба е поставена точно во правец север – југ, а приближните димензии на платото каде што е симболот се околу 85 х 45 метри. Содржи две овални рамки кои содржат огромен симбол – геоглиф, кој што личи точно како еден од недешифрираните симболи на древното писмо познато како Линеарно Б писмо. Целата структура, со нејзината форма и симболизам, отсликува космичко / вселенско јајце – изворот на примордијалната креација. Ридот е направен од земја и има вцртан знак во него, што го прави геоглиф.

Во 2013 година ја поставивме хипотезата дека ова место е можно да е последно почивалиште на многу важна личност од историјата на Македонија. Симболот е слика на сотвездието Касиопеја, кое го носи името по митската кралица, мајка и на Андромеда, која подоцна била спасена од Персеј. Важноста на Персеј во Македонската митологија не може да се одмине, а повеќето кралеви од македонската кралска династија го носеле името низ вековите, што е потврдено и со пронајдените монети со опис на митскиот Персеј, кој по се изгледа бил „повисокото Јас“ на Македонските кралеви. Теологијата на древните Македонци е онаа на древните школи на мистериите на Дион. Созвездието Касиопеја се поставува како огледална слика над геоглифот во Овче Поле точно на изгрејсонце на роденденот на Александар Македонски. Тогаш соѕвездието Касиопеја е поставена вертикално над геоглифот, создавајќи отсликување од совршена слика од небото на земјата. Според неколку стари преданија и легенди од Кратовскиот регион, според желбата на Александар, тој бил погребан од левата страна на Аксиј, во големото Овче Поле.

Светиот симболизам, етимолошките поврзаности, фолклорните традиции и вистинската теологија го одразуваат знаењето на големите филозофи и градители кои граделе вакви интелигентни структури. Знаењето кое им било достапно подеднакво можело да биде аплицирано на денешната геометрија, астрономија, религија, образование, здравство, владеење, управување, уметност, метафизика и поезија. Најстарите древни братства, Архитектите на Дион се древна школа на мистериите и чувари на прастарото знаење кое за нас е скриено во целост, освен кратките записи од нивната градителска уметност.

DCIM100MEDIADJI_0019.JPG

Археоакустични анализи на древниот локалитет во Канда, Македонија. Прелиминарни резултати

Истражувањето беше извршено на геоглиф, лоциран во Канда, Македонија, од страна на интернационален тим кој користи интердисциплинарни методи (астрономија, филозофија, митологија, математика и физика). Истражувањата беа во два наврати во 2014, со цел да се утврдат сите потенцијални аномалии во инфра – црвениот, ултра – звучниот и електро – магнетниот спектар со посебно внимние кон аномалиите кои се својствени за светите места, но сеуште необјаснети од стандардната физика.

Заклучуваме дека Геоглифот е изграден на вештачки рид. И преку набљудување од авион се забележува дека овој рид или тумба е направен од човечка рака. Геоглифот е видлив само од небо и се наоѓа во овален, елипсовиден ров.

Некои од мерењата покажаа дека под површината постои шуплина, односно комора. Истражувањато преку различни методи (инфра -/ ултразвучно истражување, звучно – магнетно – телуриско мерење, бинарна алгоритамска синтеза од звучните бранови, сонификација на податоците и мерења на подземните води) исто така открија дека во светиот затворен простор примарната вода се наоѓа во средината или некаде на главната оска. Понатаму, бидејќи почвата се разликува од опкружувањето, со сигурност оваа тумба била внимателно градена со специфична причина на ум…

Археоакустични анализи на тумбата во Канда, Македонија. Студија на специфичните ЕМ феномени и бранување на звучни бранови

Археоакустичните и електромагнетните истражувања на древните локалитети веќе стануваат оформена дисциплина. SB Research Group (SBRG) во последните пет години развува нова методологија , користејќи практичен археоакустичен стандард, кој помага да се објаснат одредени феномени кои најчесто се наоѓаат на „светите места“. Употребувањето на оваа експертиза овозможува подобро разбирање на специфичните ЕМ и акустични емисии на бранови, присутни на ридот Канда во Македонија. Анализата на тие бранови допринесува за подобро разбирање на она што постои под тлото на земјата. Претходниот научен труд демонстрираше докази за различни физички феномени, присутни на ова древно место и вештачкиот произход на ридот, кој од сега натаму треба да се именува како тумулус, тумула – тумба. Кога го пишувавме претходниот труд, веќе претпоставивме постоење на внатрешни шуплини, кои би можеле да содржат неколку одаи и премини. Оваа хипотеза е потврдена преку доказите презентирани во овој научен труд.

Археоастрономија на геоглифот во Канда, Македонија

Овој труд го проширува нашето претходно истражување на вештачкиот рид во Канда, Македонија, од археоастрономска гледна точка. Во двата претходни научни написи, SB Research Group го објасни археоакустичното истражување и потврди постоење на неколку шуплини, кои наликуваат на погребни простории и се наоѓаат во внатрешноста на ридот. Оваа тумба е масивна земјена градба, која содржи два концентрични – скоро овални рамки и огромен геоглиф ве средината, кој ја претставува огледалната слика на созвездието Касиопеја. Преку анализа на симболизмот на Македонската кралска династија и преку датирање со методот на прецесија на рамнодениците, заклучивме дека во календарот геоглифот прецизно го покажува роденденот на Александар Македонски. Точното порамнување на Сонцето кое изгрева, Касиопеја и геоглифот на роденденот на Александар во 356 година пред нашата ера, ни дава сугестија дека геоглифот содржи нешто поврзано со него, можеби неговиот гроб или гроб на негова блиска роднина.

www.sbresearchgroup.eu