Овчеполскиот етер – поле за културен натпревар

Здраво живо. Во изминатите неколку месеци на брановите на Радио Свети Николе емитувавме по десет епизоди од трите радио емисии – Имагинариум, Волшебна Македонија и Древното Овче Поле во новото време. Имагинариум е прва македонска езотериска книга во аудио верзија, Волшебна Македонија е радио емисија во која можете да слушате ретко достапни информации за нашата татковина, а Древното Овче Поле во новото време е првата радио емисија за Овчеполието во 21 век. Втората серија од трите емисии е во подготовка, а во меѓувреме во истите термини ќе можете да ги слушате репризите на досегашните епизоди, но и нов циклус на брановите на Радио Свети Николе, насловен како Овчеполските села. Во првите 50 епизоди од Овчеполските села ќе ви прикажам и претставам податоци и факти за селата во Овче Поле кои постојат денес, но и за раселените населби од минатото. Брановата должина на Радио Свети Николе е 87,9fm, а репризите се достапни во секое време и на интернет – www.radiosvn.mk.

RADIO SVETI NIKOLE - LOGO 2000px-01

Во текот на летото ќе ви овозможам бесплатно превземање на интернет списанието ЛОЗА, но и многу книги – започнува проектот „100 книги за 100 дена“ @ Библиотеката. Во Библиотеката33 се достапни многу книги од минатите векови.

B33

На ЛОЗА можете да продолжите да читате за древната Македонија и нејзината волшебна енергија. Ви благодарам за досегашното внимание и се надевам дека во добро здравје ќе дочекаме поубави денови за Овчеполската котлина и цела Македонија.

Поздрав од Овчеполскиот етер,

Никола Ристевски

www.nikolaristevski.com

Leave a Reply