Monday, 25 September 2017

Масоните и „пламенот на четништвото“ (од Имагинариум – книга втора)

Масоните и „пламенот на четништвото“

и нашата масонска ложа по примерот на италијанските слободни ѕидари работеше директно на националните прашања, пишува Станислав Краков во книгата „Пламен четништва“, објавена во 1933 година. Еве неколку извадоци од книгата во која има содржано информации за дејноста на некои српски чети во Македонија во почетокот на минатиот век, но и забележани податоци за присуство на Македонци во општествениот живот во Белград.

             Стариот полковник Хорстиг го истакнуваше примерот на духовното обединување на Германија, каде девизата на масонеријата била „Германството е слободно ѕидарство, а слободното ѕидарство е во Германството“. Духовното поврзување на сите германски племиња, предтеча на политичкото обединување од Бизмарк, го спровеле слободните ѕидари.

Меана „Црн коњ“ на Варош капија во Белград, доцна есен 1902 година. По состанокот во ложата Побратимство во улицата на Дечански, двајца масони одат во меаната. Едниот од нив ги знаел комитите од порано, преку Дамче фурнаџијата .Четата на Стојан Донски, која била во Белград за време на зимата, ги чекала во „Црн коњ“…

Пролетта 1903 година четата на Стојан Донски се спремала за пат кон Македонија и од дрвените сандаци украсени со огледалца ги извадиле своите комитски одела извезени со гајрани и го исчистиле оружјето и редениците.Тргале на неизвесен и непредвидлив пат. Се опишува случка во која што Васа Македонецот ги приметува „значките со двоглав лав, околу кој биле зборовите – Свобода или смрт“. Прашувајќи ги комитите, зошто не пишувало слобода, како што говореле и тие во нивните краишта, тие наводно одговориле „Тако нам дадоше, што да праиме?“. Донски го прифатил предлогот на докторот Македонец да им ги сменат знаците на капите. Васа отишол кај кујунџијата Крсте и му порачал 300 посребрени плакети со зборовите „Слобода или смрт“. Настаните опиштани понатаму, откриваат дел од „комитските тајни“ во кои бил посветен војводата Донски и некои од неговите другари.

(од Имагинариум – книга втора)

www.nikolaristevski.com

All Seeing Eye