Monday, 21 August 2017

Кучешките денови – најжешкиот период во годината

Се наоѓаме во периодот од годината кога температурите се највисоки, а жештината дури е опасна по човечкото здравје. Ова е оној дел од летото кога сончевите зраци светат најсилно и ја печат не само земјата, туку и луѓето. Деновите кога температурите се највисоки, во светот се познати и како кучешки денови (canicular dies). Постојат верувања дека кучешките денови го добиле името според тоа што времето не им одговара ни на кучињата, односно жештината ги полудува. Овие фолклорни етимологии се само надополнување на вистинската позадина на оваа фраза, која претставува една приказна од небесниот свод.

Кучешките денови се однесуваат на интервалот од месец до два, во кој една особено светла ѕвезда изгрева и заоѓа заедно со Сонцето, а останува скриена додека е ноќ. Таа ѕвезда е Сириус, Кучешката ѕвезда, Волкот на небото, Верното куче на Орион, Ѕвездата на Изида, или Alpha Canis Majoris. Древните народи верувале дека оваа ѕвезда е одговорна за неподносливите жештини во текот на летото, а фразата кучешки денови се користи веќе неколку милениуми.

dog days

Најстари споменувања на кучешката ѕвезда се од поетот Хесиод, во седмиот век пне. Името Сириус го означува силното блескање и невообичаената светлина на оваа ѕвезда. Кучешките денови се споменуваат од Аристотел, но и од повеќе астрономи од пне. Во древен Египет, појавувањето на небесната комбинација помеѓу Сириус и Сонцето од утро до мрак, било знак дека надоаѓаат деновите на Нил и реката ќе почне да се излива од своето корито. Во овој период се славела и египетската нова година. Во денешната астрологија, во овој период е преминот од Рак во Лав…

читај повеќе – Најжешкиот период во годината