Monday, 21 August 2017

Кај што текло, пак ќе тече – втор дел

Да ти тргне како по вода“

Водата има способност за паметење, односно меморија. Модерната наука веќе докажа дека различните вибрации, испратени преку етерот кон водата како звук, влијаат на нејзината кристална решетка. Најголем процент од составот на нашиот заеднички дом – планетата Земја и на нашите тела е водата. Нејзината моќ за исцелување била позната уште пред многу векови, кај древните цивилизации кои живееле пред нас. Тоа што денес напредната наука го определува како „киматика“ – наука за брановите и „sound healing – лечење со звук“, било правено уште пред многу векови, дури и милениуми. Старите народи го имале знаењето за брановите, брановата должина и влијанието на звукот врз човечкиот организам и неговата околина. Денешните научници покажаа и докажаа какви форми се прават во кристалната решетка на водата кога на истата ќе и биде пуштена различна музика. Гледајќи ги тие експерименти, човек не може а да не помисли – а како тоа сите звуци од околината ѝ влијаат на водата која ја пиеме, на реките кои течат под и над земјата и како звуците од опкружувањето влијаат врз нашите организми. Повеќе од три четвртини од човечкиот мозок е – вода. Сите стари градови, светилишта и храмови биле градени непосредно до или врз самите извори на жива вода. Денес, во 17тата година од 21 век сè почесто се купува вода, а сèпоретко се пие квалитетна вода.

Водата сè мие, само лош јазик не мие“

За водата се воделе многу војни во историјата. Уште од дамнина, а дури и денес, при окупирањето на некој град или територија, на самите почетоци се прават обиди за прекинување на каналите за вода. Како што преку водата можат да се направат многу убави нешта за целото човештво, така водата може да се искористи и за лоши, дури злобни намери. Иако дури во 21 век науката соопшти на широката јавност дека „открила и потврдила значајни карактеристики на водата“, сето тоа било познато на сите развиени цивилизации од древноста, но и на големите општествени промени во поредокот на управување во претходниот милениум. Содржината и квалитетот на водата која се користи во системите кои ја спроведуваат до домаќинствата денес се сомнителни, а изворите со жива вода како намерно да се забораваат за да бидат експлоатирани ако за тоа се укаже можност. Истовремено, иако дури и научно се потврди дека сè што живее од вода може да биде повлијаено како и самата вода, преку вибрација на определена бранова должина, во говорот на луѓето не се забележуваат промени. Промени нема ниту во меѓусебното однесување, бојата на глас која се користи во меѓусебната комуникација и видот на зборови кои се одбираат за да се искаже одредено мнение. А сите мисли влијаат, за чувствата нема потреба ни од објаснување, а зборовите можат да убијат, но и да оживеат. Убавиот збор железни врати отвара и убави бранови создава, водата ја чува за да опстои животот и да не се заборави кодот. Водата памети, а паметат и нашите организми. И таа и ние сме подложни на програмирање преку звук, било тој да е испратен преку збор, музика, или пак на бранова должина која не е достапна за нашите уши, но се чувствува од водата во нас.

Не се истура вода откако ќе се стемне“

Штом развиените цивилизации кои и покрај големите војни, имало периоди во кои живееле многу помирно од денешната човечка раса, граделе градови низ кои поминувале бистри води, што се случува со денешните градчиња каде што во речните корита каде некогаш поминувала вода, денес поминуваат отпадни води и фекалии? Штом на водата влијае звукот, што се случува со водата која ја пиеме додека поминува низ системите а околу неа има бучава која што ја вознемирува? Зошто музиката која се пласира во етерот од медиумите многу често знае да е со содржина која ја разрушува совршената кристална решетка на здравата вода? Што ќе се случи со генерациите кои своето образование го добиле од учебници во кои словоредот нема ништо општо со исконскиот бит на луѓето кои живеат овде? Здравствената состојба на населението, повлијаена од модерниот начин на живот веќе е влошена, а природните и чисти лекови во сè поголема мера се загадени. Енергијата која зрачи од населените места ја отсликува вибрацијата која е присутна во опкружувањето на населението.

Мирна река брег рони“

Денешните генерации луѓе кои живеат на планетата Земја ја имаат можноста да живеат во период во кој повторно се случуваат промени, не само во општествените поредоци, туку и во самата природа и нејзините манифестации врз луѓето. Модерните технологии можат да бидат искористени за малку повозвишени цели од експлоатација, манипулација и профит. Доколку на населението му се овозможи живот во населени места во кои менаџментот, односно управувањето со контролата на отпадните води е на ниво кое би било соодветно за векот во кој живееме, дополнето со подигање на еколошките стандарди, би можело да доведе до поквалитетен живот на луѓето. Ако им се овозможи чиста и здрава вода за пиење, за релативно брзо време ќе се случи намалување на болестите и зголемување на животниот век. На Македонија не и треба ниту нафта, ниту пак лажни економски програми, ниту некој да и измислува топла вода, затоа што под нас живата и термалните води се во толкави количества, што има доволно за….

Кај што текло, пак ќе тече“

(продолжува)

од Имагинариум – книга трета

Првиот дел од „Кај што текло, пак ќе тече“ е објавен во книгата Имагинариум – Имагинариумот на Доктор Сонѕе.

Никола Ристевски, лето 2017

www.nikolaristevski.com

Procopius the Righteous is praying of unknown navigating - Nicholas Roerich 1914

Procopius the Righteous is praying of unknown navigating – Nicholas Roerich 1914