Првата Македонска езотериска книга во аудио верзија

Новиот век овозможи враќање на старите практики, техники и учења за тоа како да се „погледне во минатите животи”, преку регресија да се спознае „кои сме биле во претходните постоења” и да ѕирнеме во темното море на свеста. Свесноста, од која успеваме да доловиме мигови на вечното совршенство толку ретко, па забораваме дека не сме целите од глина, и дека во нас постои и светлина. Во човечката ДНК се зачувани информации од сите предци, па постои можност дека она што луѓето го спознаваат како „претходен живот”, всушност е постоење на некој наш дамнешен предок, и е кодирано во нас, па затоа го доживуваме како дел од нас самите. Трагаме во минатото и се полниме со надеж за иднината, но ретко се посветуваме на сегашноста. Бидејќи времето не е линеарно, туку спираловидно, постои само сегашност. Константно, постојано, сегашно време. Токму затоа и нема ништо ново под Сонцето, и таму каде што се зголемува знаењето, се зголемува и тагата. Жал за неостварениот сон од Градината од Еден. А, соништата биле живот, па што ако ова и навистина не е единствената димензија во која што постоиме, па кога спиеме и сонуваме всушност сме живи во некои од другите светови, а кога сме навидум будни и „живееме”, всушност умираме? Затоа што ако не сме насочени кон достигнување на она што ни е дадено како цел – враќање во Градината од Еден, и кога сме будни и живееме – дозволуваме само да стареат телата, па затоа умираме. А во соништата ни доаѓаат не само предците, туку и души од нашата генерација на постоење, па ни се отвараат светови во кои можеме многу повеќе од овде – таму дури успеваме и да летаме. Веројатно затоа и постарите генерации Македонци велеа дека кога човек спие, не треба да го будите, затоа што ако нагло се разбуди, постои опасност астралниот двојник да не се врати во овоземското тело, па ќе се случат компликации на нивоа од кои повеќето не можат да се спознаат само со двете очи. Па, затоа – да се разбудиме не само на сон, туку и на јаве. Веќе се препознаваме едни со други. Малку души останаа. Ретко чии очи спознаваат дека она што го гледаме всушност и не е така како што ни изгледа нам, па си дозволуваат да ѕирнат и со третото око, а кога се допрени од милоста на вечната вселенска љубов, прогледуваат и со окото на душата.

garden

Историјата е сторија која што покажува и докажува колку многу луѓе умреле за обични човечки цели и каузи, а колку малку живееле за доброто на целото човештво. Можеме да се прошетаме по патеката на животот без да обрнуваме внимание на светлината на душата, или пак да се погледнеме во огледало и да прифатиме дека и глината може да се запече ако е доволно силна светлината, па да остане доволно компактна за да го пронајдеме патот до портата од Еденската Градина. Таму сеуште стои Небесното битие со огнениот меч и ја чува вратата на перцепцијата за да не ги уништиме дрвото на животот и дрвото на спознанието. Царството Небесно е овде – на Земјава, и ни е дадено за ја прифатиме смртта и да го крунисаме животот со круната на постоењето – љубовта. Љубовта е вечна, непроменлива и неуништива. Ако ја почитуваме неизбежната смрт, би можеле да го преродиме светлосното тело, па да почнеме вистински да живееме и во поретките густини на постоењето, а со тоа да внесеме светлоносна сила и во овој материјален свет. Да се љубиме еден со друг и да живееме за следните генерации, кои кога ќе погледнат назад во минатото, да се на јасно дека сè е тука – иако немо, но присутно, дека времето е постојано сегашно и љубовта е единствената сила која што може да ни овозможи да го доживееме Светото Небесно Царство, во кое нема потчинети и поданици, а сите сме едно, заедно уште од одамна, уште пред да нè изгонат од Градината.

ИМАГИНАРИУМ (аудио)

open book eye

Leave a Reply