Sunday, 22 October 2017

Златоносните реки, старинското злато и мадамџиите (од Имагинариум – книга втора)

Златоносните реки, старинското злато и мадамџиите

Уште од старо време се знае дека голем дел од народот во Кратовско, Паланечко, Ќустендилско, Кумановско, Овчеполско, Кочанско и Вранско биле мадемџии, рудари. Селаните мадамџии биле ослободени од повеќето царски даноци. Самите рудници, рудишта и рудини биле сметани за вакавски места.

Пред два – триста години, 500 оки руда давала 120 – 160 оки железо. 400 оки среброносна оловена руда давала 200 оки олово и 100 драма сребро. Во нашите краишта имаме златоносни реки со старинско злато. За 700 оки железна руда биле потребни 7 товара ќумур или 490 ливри. Работата во рудниците престанува во половината на 19 век. Народот во последните векови малку знае за древните рудници. Плавењето на златоносен песок по нашите реки било многу распространето порано. Преливањето или плавењето на златоносниот речен песок се прави на најпрвобитен начин, во долги корита направени од даски. Кога водата протекува преку коритото, кое е разделено на прегради – прагови, остава на дното…

Стари луѓе уште паметат дека во рудниците и на рудиштата и рудините се работело до денот на Свети Никола.

од Имагинариум – книга втора