Thursday, 17 August 2017

Свадба е голема, ќе се женам, невеста ќе земам

Светиниколската музичка група Фокус бенд го објави својот нов спот за песната „Свадба голема“. Видеото е снимено во Градиште, меѓу Свети Николе и Куманово, крај манастирот „Свети Ѓорѓи“, содржи многу фолклорни симболи, и е изработено од Арт студио.

Во разговорите со Фокус бенд, дознавме дека во видеото се употребени народни носии и инструменти од Овчеполското поднебје, со учество на фолклорниот ансамбл од КУД „Јанко Глигоров“ од Свети Николе.

Фокус бенд зад себе имаат еден објавен албум со 12 песни, насловен како „Жедни за мерак“, многу настапи и концерти во Македонија и странство и повеќе видео записи за нивните песни. Во подготовка е и новиот носач на звук за нивниот нов албум, кој ќе биде објавен годинава.

Членови на Фокус бенд се: Драган Панов – вокал, Кире Науновски – хармоника, Николче Тренчев – бас, Драган Ѓорѓиевски – соло гитара, Гоце Петков – тапани и Раде Нуневски – саксофон и кларинет.

фокус бенд

Оваа музичка група до сега ги развеселуваше многуте младоженци, а нивната неуморна работа продолжува и понатаму. Слушајте ги Фокус бенд од Овче Поле!

Фокус бенд на FB (клик)