Sunday, 22 October 2017

Ќосето: и брат ми не го жалев! (интервју со Горан Ангелов)

Ќосето: и брат ми не го жалев! (интервју со Горан Ангелов)

Здраво живо Горан. Благодарам за овозможената прилика за интервју. Се надевам дека со овој разговор ќе и помогнеме на нашата Македонија.

МПЗ Андон Лазов Јанев ЌОСЕТО

1. Од кога постои МПЗ Андон Лазов Јанев Ќосето?

Нашето здружение официјално постои од октомври 2016 година.

2. Ја читате ли ЛОЗА?

Да, секако дека ја читаме ЛОЗА.

3. Што може да научи македонската младина од животот и делото на големите револуционери?

Огромен број на Македонски револуционери се заборавени – намерно или ненамерно, кој од историјата, кој од системите – на пример комунизмот, а многу и од забот на времето. Ние како здружение се трудиме со сите сили да им ги приближиме тие ликови, не само Ќосето, туку сите Македонски дејци на помладата генерација, но и на повозрасните. Затоа редовно сме на панихидите, чествувањата, затоа и споделуваме важни информации од стари книги.

Горан Ангелов

4. Дали Република Македонија конечно треба да формира национална гарда?

Моето мислење е дека не мора тоа да биде национална гарда, туку еден вид соработка на сите здруженија на ниво на држава. Сите видовме еден од нашите собири беше окарактеризиран како пара војска. За дел од квислинзите е необјасниво како можеме да си ја сакаме државата, па удараат по патриотите со сите валкани средства преку кои со години создаваат немир кај народот.

5. Ниту една политичка партија не работеше само и само за Македонците, туку работеа и за да им се допаднат на нивните пријатели од Европа. Дали нè продадоа и предадоа?

Не мислам така, сепак овие 10ина година ВМРО – ДПМНЕ ги подигна националните чувства, за разлика од СДС, кои по секоја цена работеа на деградирање на сè што е Македонско. Тоа го покажаа и докажаа со шарената револуција. Мое лично мислење е – не во ЕУ и не во НАТО!

МПЗ Андон Лазов Јанев ЌОСЕТО Македонија

6. Дали денешната ситуација е продолжение на настаните од 2001 година?

Токму така. Денешната ситуација е и те како продолжение на 2001 година, затоа што проблемот тогаш беше ставен под тепих со намера да дојде до ова кое се случува денес. Максималистичките барања на албанците се нереални, но сега нема да дозволиме да нè продадат политичарите, како што тоа се случи во 2001 година.

7. Што би се случило доколку Македонскиот народ влезе во Собранието?

Доколку СДС, ДУИ и останатите пробаат да формираат нелегална влада без мандат и го занемарат мислењето на пола милион луѓе, секако дека овој народ ќе влезе во Собранието. Народот веќе не дозволува да биде излажан и секој знае кој е за државата, а кој против. Нема да дозволиме постоење на нелегална влада која би работела на растурање на државата.

Ќосето

8. Сведочиме за борби на разузнавачки служби, тајни друштва, ложи и центри на моќ. Како да се заштитиме од сите тие антимакедонски насилни фактори кои ни го реметат мирот и спокојот?

Ние како православни треба да се свртиме кон нашата вера, нашата религија, кон црквата, традиционалните и семејните вредности. Со почитување на тоа што ни е оставено од предците можеме да ги избегнеме сите негативни влијанија.

9. Во каква Македонија би сакале да живееме по десет години?

Би сакал јас и моите три деца да живееме во Македонија без предрасуди, без делби меѓу Македонците, во модетно општество со напредно стопанство во кое сите би имале егзистенцијален опстанок, Македонија во која не би стравувале како ќе го поминеме утрешниот ден.

Ѕвездата од Кутлеш

10. Што би порачал на Македонскиот народ?

На Македонскиот народ му порачувам да се обедини и да го зачува ова мало парче земја за идните генерации. Да живее Македонија! Слобода или смрт.

Благодарам за одвоеното време. Да ни е жива и здрава Македонија. Слобода или смрт.

Прашања – Дамјан Овчеполски, ЛОЗА 2017